„Оставката на Илире Даути е обид преку ноќ да се прогласи како херој, вели првиот вицепремиер Изет Меџити. Според него, нејзината оставка нема да има влијание врз Комисијата бидејќи таа повторно ќе му припадне на Европскиот фронт. Денешната атмосфера, според него, била заради добивање политички поени.“ – објави ТВ Алсат
Телевизијата ја цитира изјавата, која ја даде Меџити во овој контекст: „Оставката е сега веќе вештачка драма, за да биде прогласена како херој преку ноќ. Позицијата претседател на таа комисија му припаѓа на Европскиот фронт. Претседател нема да биде Илире, туку некој, кој тие ќе го оценат за таа позиција, така што ќе имаат доволно простор заеднички да ја продолжат идејата дека законот за бранители не треба да биде на дневен ред.“
Инаку, по една недела откако пратениците и изгласаа интерпелација, но не беше разрешена по автоматизам од позцијата претседател на собраниската комисија за социјална политика, Илире Даути на денешната седница на Собранието самата поднесе оставкa, а Собранието ја констатира таа оставка. Сега се на ред од Европскиот фронт, предводен од ДУИ, да предложат нов пратеник, кој ќе ја води оваа собраниска комисија.





