Наспроти ремито 27:27 на ракометната репрезентација на Македонија со фаворитот Унгарија на стартот од 29. Светско првенство, во Вараждин победија „Македонската фаланга“ и македонското национално знаме со Сонцето од Кутлеш.



Спротивно од очекувањата, „фалангата“ беше и побројна, и побучна од навивачите на Унгарците, а официјалното државно знаме на Република Македонија од 1992 до 1995 година не само што го имаше насекаде на трибините, иако, наводно, ќе било забрането од организаторот, туку во еден момент издоминира неговата најголема верзија во вараждинската арена.