Креиран лажен профил на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на социјалната мрежа „Фејсбук“, информираат од партијата. Од таму информираат дека биле злоупотребени името, податоците и фотографиите на Филипче.
-Од истиот лажен профил се шират несоодветни и лажни содржини, повици за членски книшки, повици за измислено здравствено осигурување, а граѓаните се насочуваат на приватни пораки. Ги повикуваме граѓаните и членовите да не наседнуваат и да не споделуваат никакви лични податоци, што можат да им бидат злоупотребени од страна на измамниците кои го креирале. Разликата помеѓу официјалниот профил на претседателот на СДСМ и лажниот може да се препознае најлесно преку синиот беџ за верификација којшто постои само на официјалниот профил на д-р Венко Филипче. Лажниот профил е веќе пријавен и очекуваме брза реакција за негово бришење“, информираше СДСМ.
Лажниот профил направи збрка на социјалните мрежи откако во името на политичарот почнаа да се шират повизии за „приватно здравствено осигурување во соработка со американски лекари“.