Home Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Помина времето „како до сега“

ВМРО-ДПМНЕ: Помина времето „како до сега“

Времето „како до сега“, кога наместо за граѓаните, СДСМ единствено се грижеше за богатење на нивната елита – помина, велат од ВМРО-ДПМНЕ



„Болката на СДС не е грижата за граѓаните, нивната грижа единствено е што не можат, како до сега, да крадат.

СДС се тие кои што го зголемија ДДВ на храната, што доведе и до зголемување на цените на производите.

За разлика од СДС која се грижеше исклучиво за луѓето во своите високи партиски редови, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ води грижа за сите и посветено работи за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Тоа ќе се постигне со досега преземените мерки за намалување на цените на производите, зголемувањето на платите и пензиите, како и со забрзаниот економски раст.

Откако за шест месеци се запре слободниот пад на економијата, годинава ќе следи забрзан раст преку реализација на капитални инвестиции, зголемување на странските инвестиции, кои лани беа на историски највисоко ниво од околу милијарда евра“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.