Сајкоски: Илире Даути треба сама да поднесе оставка, таа е веќе разрешена со заклучокот на Собранието!

„Комисијата за прашања на изборите и именувањата не е надлежна самата да презема нешто во врска со отповикувањето, со интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути.“ – изјави претседателот на ова собраниско работно тело Ѓорѓија Сајкоски.



Тој додава дека досега Комисијата за прашања на изборите и именувањата нема добиено никакво известување. „Во заклучокот од Собранието се кажува дека наводите во интерпелацијата се основани, односно дека со гласањето на 61 пратеник претседателот на Комисијата е разрешен, во случајот Даути, бидејќи не ги исполнила деловничките одредби. Тоа е она што е суштината. Комисијата за прашања на изборите и именувањата не е надлежна самата да презема, бидејќи не е ни повикана. Чекаме следни чекори од пратеничките групи.“ – нагласува Сајкоски во изјава за Македонската информативна агенција МИА

Според него, интерпелацијата е висок морален чин на секој именуван функционер, кој не ја исполнува законската обврска, односно смета дека Даути треба самата да си поднесе оставка.

Од Левица рекоа дека ќе чекаат неколку дена да видат дали Даути ќе поднесе оставка од функцијата, а ако тоа не се случи, ќе поднесат предлог за нејзино разрешување до Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Извор: Македонска информативна агенција МИА