Нема сила што може да го убеди шефот на дипломатијата дека нема сила што може да ја убеди Бугарија да попушти за одложено дејство на уставот во кој би влегле и Бугарите.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на телевизија Телма рече дека Македонија мора да има јасен пат пред себе до членство во ЕУ а една од варијантите за тоа е Бугарија да биде убедена Дака треба да попушти.
Според Муцунски, суштината е обезбедување предвидливост на патот кон членството, и тој смета дека во моментов тоа може да се постигне само преку уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот кои би важеле откако земјата ќе стане полноправна членка на ЕУ.
Според него меѓународната заедница може да ги убеди властите во Софија да го тргнат ветото за Македонија.
Прашан како ќе убеди во ЕУ за да ги премисли и да речат „во ред е ќе прифатиме уставни измени со одложено дејство“ кога се знае дека првата пречка ќе биде Софија, Муцунски рече дека нема сила што може да го убеди дека Софија не може да биде убедена.
„Сигурен сум дека Софија може да биде убедена. Треба ЕУ и земјите членки заеднички со нас сите да го искористиме кредибилитетот што го имаме и да разговараме со Софија. Софија со нашиот пример прави историска грешка и убеден сум дека најголемиот дел од чинителите во Бугарија се свесни за тоа“,
Тој посочи дека како Влада во изминатите шест месеци успеале да наметнат е реторика од Брисел во која се говори за уставните измени како еден факт.
„Тоа што мене ме радува е реториката од чинителите во Брисел е дека ЕУ говори за уставните измени како еден факт, но истовремено говори и за дијалог помеѓу Скопје и Софија и говори за изнаоѓање на рационално решение. И тоа е таа промена која како Влада во последните шест месеци успеавме да ја наметнеме. Свесни сме за реалноста, но истовремено свесни сме дека прифаќање на одредени услови без никакви гаранции за нас како држава дека ќе имаме предвидлив пат е нешто што само ќе ни наштети на нас и на политиката на проширување“, изјави Муцунски.
Целото интервју на Телма
https://www.facebook.com/share/v/14bcRwWB1Q/
Најчитани статии
Најслатко е забранетото овошје, во случајов македонското етничко знаме
По забраната за Кутлеш ,,Фалангата” бара начин како македонското сонце да светне на СП во Хрватска






