Партијата на Зијадин Села реагира на скандалозната „поезија“ објавена во збирката песни поддржани од Агенција за млади и спорт со оценка дека непристојните навреди како „швалер”, „скиптар“ потсетувало на времето на ВМРО и ДУИ и на „објавувањето на македонската енциклопедија од страна на МАНУ, каде што исто така Албанците беа навредени и квалификувани како дивјаци кои дошле од планините“.
Алијанса за Албанците ги повика Владата и коалицискиот партнер ДУИ јавно да се оградат од овој случај и да преземат конкретни мерки за повлекување на книгата, а, пак, авторите да одговараат за, според нив, грозоморниот чин.
Претходно, реакција со осуда на „збирката“ имаше и од партијата Беса на Билал Касами.
Агенција за млади и спорт ќе го повлече целиот тираж на збирката поезија со дискриминирачка содржина. Директорот Дарко Каевски на прес-конференција вчера изрази жалење и ги осуди песните со текстови кои шират дискриминација и говор на омраза.
Каевски одби да даде оставка за скандалот што прв го објави expres.mk.





