По повод денешното свечено пуштање во употреба на Делницата Градско Дреново, пратеникот од редовите на социјалдемократите, Миле Талески, изјави дека експресниот пат Градско-Дреново е над 92 проценти реализиран од владата на СДСМ.
„Овој проект, вреден над 37 милиони евра, е дел од посветената работа на СДСМ во развојот на патната инфраструктура и подобрување на животот на граѓаните од овој крај“, изјави Талески.
Тој додаде дека и делницата од Дреново до Фариш е над 80 проценти реализирана од владата на СДСМ…
СДСМ за јубилејот се пофали со проект на ВМРО-ДПМНЕ за кој се играше ,,Чочек” (ВИДЕО)






