„…не може да се одрече извесната политичка вештина со која што Мицкоски ја ’нормализира’ опозицијата, дистанцирајќи се, фактички, од злосторствата на Фамилијата, елегантно препуштајќи го бившото партиско и државно раководство на процедурите на правната држава.
Тоа се прави со многу врева и таламбаси против власта („за ништо не ги бива“, „најлошата влада досега“, „безидејни се, прости и неспособни“, „ја туркаат државата во амбис“, „тие се со загубен кредибилитет“ и слични претерувања), за да се надвика громогласниот ефект од враќањето на опозицијата во системот“, пишува политичкиот аналитичар Сашо Ордановски во својата колумна во која се занимава со вчерашната одлука на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за враќање во Собранието и најавата дека ќе поднесат интерпелација за работата на владата.
Под насловот „Може ли ВМРО да се командува од затвор?“ Ордановски оценува дека враќањето во парламентот ќе го означи почетокот од еманципирањето на партијата од криминалите на Фамилијата „и веќе во наредните неколку месеци ќе видиме дали Мицкоски може политички да го преживее одењето на Груевски и Мијалков в затвор?“
Целосниот текст на Ордановски, прочитајте го на следниов линк.





