Расте бројот на туристи, односно на странски гости во Македонија. Земјава најпривлечна за туристите од Турција, Србија, Грција и Бугарија. Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, бројот на туристи во Македонија во периодот од јануари до ноември 2024 година се зголемил за 8,3 отсто во однос на истиот период од претходната година. Исто така, ноќевањата во овој период се зголемени за 5.3%, при што домашните туристи имаат пораст од 2.2%, а странските 9.2%.
Овие податоци ја потврдуваат сè поголемата привлечност на Македонија како туристичка дестинација, особено за странските посетители кои уживаат во културното и природното богатство на земјата.

Иако бројот на домашните туристи е намален за 1% во споредба со минатата година, бројот на странските туристи забележал значителен пораст од 13,8 отсто. Во ноември 2024 година, Македонија ја посетиле вкупно 66.701 туристи, од кои 31,6% биле локални, а преостанатите 68,4% потекнувале од странство.
Овие бројки се позитивен сигнал за туристичката индустрија во земјата и ја потврдуваат растечката привлечност на Македонија како дестинација за странски туристи.





