ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Собранието

По четири месеци бојкот на Собранието
Извршниот и Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ одлучиле пратениците да се вратат во законодавниот дом.



Партискиот лидер Христијан Мицковски најави дека прва точка пи враќањето на ВМРО ДПМНЕ е да поднесе интерпелација за работата на Владата.

-Оваа влада е најнеспособна од независноста на Македонија. Криминалот и корупцијата станаа заштитен белег на оваа Влада и мора да си одат. На надворешен план водат штетна политика  без резултати, а на внатрешен план политика без концепт и сериозна идеја, рече Мицкоски.

Партискиот лидер рече дека биле прифатени нивните забелешки и потврди дека при крај се преговорите со СДСМ за реформските закони.

Мицкоски најави дека ВМРО ДПМНЕ бара писмена гаранција за спроведување на нивните барања и ќе ја следи имплементацијата на овие закони со активно учество во Собранието.