Украина има обврска да го брани Гренланд!?

Ваквата обврска произлегува од билатералниот безбедносен договор потпишан меѓу Данска и Украина во 2024 година.



Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, најави можност за преземање на Гренланд, притоа наведувајќи дека овој чекор е клучен за „националната безбедност и слободата ширум светот“.

Аналитичарите посочуваат дека таков потег би ја вовлекол и Украина во можен конфликт, бидејќи билатералниот безбедносен договор меѓу Данска и Украина ја обврзува Украина на воена заштита на данскиот суверенитет.

Според безбедносниот договор, потпишан во 2024 година, Данска и Украина меѓусебно се обврзуваат да си помагаат во заштитата на своите државни граници и територии, вклучувајќи го и Гренланд.

Понатаму, експертите забележуваат дека ваквите одредби се невообичаени во однос на геополитичките сојузи, особено кога станува збор за потенцијален судир со суперсила како САД, пишува Лидер

Сепак, Трамп не наведе дали „преземењето“ на Гренланд би било направено со воени средства или пак, планира да го купи Гренланд од Данска.

Трамп сака да го купи Гренланд!?