Тајванците една година без виза во Македонија, реципроцитет нема

Македонските власти го продолжиле рокот во кој граѓаните на Тајван во земјава ќе можат да влегуваат без визи.



Информацијата не ја објави македонското МНР, туку портпарол на Министерството за надворешни работи во Тајпеј.

Претходниот договор потпишан пред пет години истекувал на 31 март 2013 година, а бил продолжен минатата недела, иако за тоа нема информација на вебстраницата на МНР.

Тајванската влада, за разлика од НР Кина, сè уште по принципот на реципроцитет, не ги укинува визите за македонски граѓани.

Во 1999 година, со признавањето на Тајван, Македонија влезе во судир со Кина, која подоцна како член на Совет за безбедност на ОН го блокираше мандатот на мисијата УНПРЕДЕП.

Кина не го признава Тајван како посебна држава.