Нивото на водата во Охридското Езеро е 14 сантиметри под просекот

 

Нивото на водата во Охридското Езеро, според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, е на котата 693,21 метри надморска височина или 14 сантиметри под просекот за јануари.



Состојбата со негативниот водостој на езерото бележи дефинитивно подобрување, бидејќи на почетокот на декември минатата година нивото на водата се намали за два сантиметри под минималното дозволено ниво од 693,10 метри.

Промените на нивото на водата во езерото има негативни последици од повеќе аспекти, но најмногу се одразува на крајбрежниот дел, кој е најважен во езерскиот екосистем.