Алармантно: Во Кичево и Битола воздухот екстремно загаден – мерните станици во црвено

Главниот град и денеска според мерењата е повторно меѓу најзагадените градови во светот. Со денови во Скопје, но и во повеќе поголеми општини тешко се дише. Па така, воздухот повторно е загаден во Битола, Кичево и Охрид покажуваат мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање. Според мапата на МЖСПП најзагадено е во Битола, каде што мерната станица Битола 2 покажува 121 микограми на метар кубен ПМ2,5 честички и 175 микограми на метар кубен ПМ10 честички.



Станицата во Охрид покажува 155 микограми на метар кубен ПМ10 честички, додека во Кичево станицата измерила 159.

Главниот град, кој изминативе денови е во врвот на европските и светски листи, вечерва има релативно чист воздух.

За да се смени начинот на загревање на домовите, потребно е да се изградат гасни централи. Новиот начин на затоплување на домовите, истовремено, треба да биде достапен за сите граѓани. Инаку, Владата интензивно работи на изградба на такви гасни централи, а веќе има и заинтересиран инвеститор, а тоа е инвестиција за која реализација потребни се неколку години за да профункционира.