Фондацијата Метаморфозис го пренесе мислењето на нивното европско братство факт-чекери дека „силно ги осудува“ изјавите на извршниот директор на Мета Марк Цукерберг по најавите дека почнувајќи од САД ја прекинува употребата на независна проверка на фактите на своите платформи.
„Поврзувањето на проверката на фактите со цензурата е штетно“, вели мрежата. „Проверувачите на факти не „цензурираат“ никого. Нашите членови истражуваат и објавуваат докази за потенцијално лажни тврдења“, пренесува off.net.mk од каде откриваат на што се вадат македонските и други фактчекери.






