За загинатите 45 патници во запалениот автобус виновна и бугарската Агенција за патна инфраструктура

Агенцијата за патна инфраструктура сноси делумна вина за трагичната несреќа на автопатот Струма во која пред четири години загинаа 45 лица од Република Северна Македонија. Ова е напишано во решение на Окружниот суд во Перник, објави бугарски „Сега“ повикувајќи се на БТА.



Според судот, АПИ е одговорна за 10% од штетите и треба да биде осудена да плати по 20.000 лева на секој од тужителите како надомест за предизвикана неимотна штета.

Исто така, се признаваат околностите дека за предметната делница не е донесен акт 16 за автопат и затоа има статус на експресен пат, бидејќи делницата беше пуштена за сообраќај во 2007 година во фаза на акт 15, се вели во судската одлука.

Во судската одлука е утврден проблем со дизајнот на патот. Попречниот наклон на кривината одговара на брзина од 90 км/ч, но нема патен знак за ограничување на брзината на потребните места, истакна судот.

Возачот го возел автобусот со 106 km/h со максимална дозволена брзина на делницата од 120 km/h.

Несреќата на АМ „Струма“ се случи нешто по 02:00 часот на 23.11.2021 година на 31. километар, кај селото Бошнек.

Туристичкиот автобус, во кој патувале 52 лица, удрил во заштитната ограда, се запалил и целосно изгорел.

Автобусот, сопственост на компанијата од Република Северна Македонија „Беса Транс“, се враќал од екскурзија од Истанбул и патувал за Скопје. Истрагата за инцидентот е доверена на Националната истражна служба. Првичните заклучоци беа дека виновен е возачот на автобусот кој возел со голема брзина, потсетува БТА.

Најчитани статии

Суми од кои што може да ви се замати во главата

Спиење во хотелот пред кој Мијалков паркира Ферари чини 35 просечни или 70 минимални македонски плати