Лице од Бугарија со забрана за влез во Македонија пак провоцира

Виктор Стојанов, претседател на бугарската фондација „Македонија“, и покрај активната забрана за влез во Македонија, најавува организирање на панихида за Мара Бунева на 12 јануари во Скопје.



Виктор Стојанов од бугарската фондација „Македонија“ со доживотна забрана за влез во – Македонија

Настанот е закажан за 12 јануари 2025 година (недела), во црквата Свети Димитриј во Скопје, со почеток во 11:30 часот a во 12:00 часот, планиран е собир на кејот на реката Вардар за положување венци и цвеќиња.

На 13 јануари се навршуваат 97 години од атентатот што го извршила Мара Бунева врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ во центарот на Скопје. Откако го извршила атентатот, таа се самоубила.

Пред две години, на панихидата за Мара Бунева во Скопје, зборуваше бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.