Претседателот Реџеп Таип Ердоган ги повика турските граѓани да ја бојкотираат прескапата храна и покрај падот на инфлацијата, истакнувајќи дека „Како граѓани, нашето најголемо оружје против опортунистите е да ја искористиме нашата слобода да не купуваме“.
Турскиот претседател ги осуди „алчните“ зголемувања на цените во некои сектори, и ги повика граѓаните да ја искористат куповната моќ како средство за борба против профитерството.
„Еден од најефикасните методи да се освестат оние што продаваат прескапи стоки е бојкотот. Нашето најсилно оружје против опортунистите е да ја искористиме нашата слобода да не купуваме“, нагласи Таип Реџеп Ердоган пренесува Фактор.
Ердоган ги наведе минатонеделните официјални податоци кои покажуваат дека инфлацијата во декември паднала повеќе од очекуваното на речиси 44,4 отсто на годишно ниво во Турција до крајот на 2024 година.
Турција ја зголеми минималната плата за 30 отсто за 2025 година, што Ердоган рече дека може да влијае на трошоците, но нагласи дека тоа не треба да ги оправдува високите цени.
„Јазот помеѓу зголемувањето на цената на трудот и порастот на цените понекогаш е запрепастувачки“, оцени . Зголемувањето на трошоците за две или три единици поради корекција на платите се користи како изговор за зголемување на цената за пет или 10 единици“, тој. рече, додавајќи дека ова е „резултат на алчност и недостаток на свест“.
Ердоган рече дека владата ќе ги зголеми инспекциите во 2025 година за да се бори против зголемувањето на цените.






