По изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за преземање контрола врз Гренланд, реагираше францускиот министер за надворешни работи според кој Европската унија нема да дозволи други земји да ги напаѓаат нејзините суверени граници.
Трамп сака да го купи Гренланд
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека не верува дека САД ќе го нападнат огромниот арктички остров, кој е дел од Данска повеќе од 600 години.
„Очигледно е дека не доаѓа предвид Европската унија да дозволи другите земји во светот да ги напаѓаат нивните суверени граници, кои и да се тие“, изјави тој за радиото Франс Интер.
„Ние сме силен континент“, додаде тој.
Изјавите на Трамп дополнително ја илустрираа неговата експанзионистичка агенда две недели пред неговата инаугурација на 20 јануари во Вашингтон.
„Ако ме прашате дали мислам дека САД ќе извршат инвазија, мојот одговор е ‘не’. Но, дали влеговме во период на преживување на најсилните? Тогаш мојот одговор е да“, рече Баро.
Тој понатаму рече дека Унијата не треба да дозволи да биде заплашена или непотребно загрижена, туку да се разбуди и да стане посилна.
Синот на Трамп ќе го посети Гренланд, откако татко му порача дека „сака да го купи“






