„Веста дека ‘непожелната личност’ – ‘персона нон грата’ Артан Груби се соочува со отказ од Универзитетот во Тетово, поради неоправдани отсуства, е јасен одраз на културата на неодговорност и ароганција, која ДУИ ја негува со децении. Како може човек, што не ги исполнува ниту своите академски обврски, да се обидува да продава политички морал и да зборува за јавна одговорност? Вклучувањето луѓе со контроверзно минато на јавни и академски позиции го покажува недостатокот на морален и професионален стандард кај ДУИ.“ – реагираше коалицијата Вреди по најавата дека поранешниот вицепремиер Артан Груби ќе добие отказ од Универзитетот во Тетово. Реакцијата на Вреди ја пренесе ТВ 21.
Вреди реагира: Артан Груби, познат по своето проблематично минато и по обвинувањата за бегството од правдата, не ги исполнува моралните и професионалните критериуми да предава пред студентите. Универзитетот е институција, која мора да претставува интегритет, одговорност и почитување на законот. Човек, кој избегнал да се соочи со правдата и кој претставува модел, спротивен на овие вредности, не може да биде позитивен пример за младите. Затоа е соодветна одлуката на Универзитетот во Тетово да му врачи отказ на „непожелната личност“ Артан Груби. Коалицијата Вреди претходно веќе ѝ соопшти на пошироката јавност дека просечната оценка на Груби од додипломските студии е 7, што значи дека студент од ваков калибар не може да се појави пред други студенти.
Академскиот кредибилитет не се мери само со говори, туку со посветеност кон етичките принципи и почитувањето на општествените норми, кои Груби ги поткопувал во текот на неговата кариера. Оваа состојба е јасен одраз на културата на неодговорност, која „непожелната партија“ – „партијата нон грата“ ДУИ ја негуваше низ годините. Вклучувањето луѓе со контроверзно минато на јавни и академски позиции го покажува недостатокот на морален и професионален стандард кај оваа партија. Наместо да претставува систем на заслуги – меритократија и одговорност, „непожелната партија“ ДУИ им дозволи на личностите, вклучени во контроверзии и сомнежи за интегритетот да ги претставуваат политиката и институциите, нарушувајќи ги довербата на граѓаните и основите на демократското општество. – порача коалицијата Вреди во своето соопштение.





