Во петок интерпелации за неколку високи владини функционери

На дневен ред на пленарна седница на Собранието во петок ќе се најдат интерпелациите за првиот вицепремиер Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени и министерот без ресор задолжен за дијаспората Љуљзим Даути.



Интерпелациите беа поднесени од опозициската партија Демократска унија за интеграција (ДУИ) преку нивната пратеничка група „Европски фронт“.

Координаторот на групата, Блерим Беџети, изјави дека ќе бараат одговорност од споменатите функционери за, како што наведуваат, неуспехот во спроведувањето на политиките и дискриминацијата кон албанската заедница.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ја оцени интерпелацијата како „низок обид за манипулација на јавноста“ и изрази уверување дека Собранието ќе постапи соодветно.