„Продолжувањето на европскиот пат и отворањето на преговорите со ЕУ се врвни приоритети на оваа влада. Потоа како врвни приоритети следуваат и децентрализацијата, економскиот развој и борбата против корупцијата.“ – изјави вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи синоќа во гостувањето во емисијата „Зум“ на Втората програма на албански јазик на Македонската телевизија. ЗООМ на ТВМ2. Тој зборуваше и за уставните измени, истакнувајќи дека постојано се работи на надминување и на последната пречка кон отворање на преговорите со ЕУ. Овие ставови на вицепремиерот Фетаи ги пренесе весникот на албански јазик „Лајм“.
Фетаи синоќа кажа: „Натаму, „Кога зборуваме за уставни измени имаме на ум дека ние сме влада веќе шест месеци. Уставните измени беа приоритет и на претходната власт, секоја година го славеа отворањето на преговорите, сетете се на фотографиите на Бујар Османи од владиниот авион во 2017 или 2018 година кога славеа отворање на преговорите. Ние тогаш како опозиција рековме дека тоа беше голема измама и оти преговорите со ЕУ не беа отворени. Во врска со уставните измени знаеме дека имаме преговарачка рамка со ЕУ, која ја одобри претходната влада, вклучително и со гласовите на опозицијата. Потоа гласавме за францускиот предлог и знаеме какви задачи имаме пред нас. Сепак, две работи мора да се сфатат: првата е дека во Бугарија продолжува политичката нестабилност. Таму имаше седум последователни избори, на кои не беше избрана влада со политички мандат, со која ќе можеме да разговараме, за да ја надминеме оваа последна пречка за отворање на преговорите. Во однос на второто прашање, мора да имаме на ум уште една работа, а тоа е дека со овие бројки што ги имаме во Собранието, не може да се направат уставни измени без пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Ги слушнавте изјавите на ВМРО-ДПМНЕ за време на кампањата, го слушнавте и премиерот и нашата влада околу гаранциите, односно осигурувањето, што можеме да го добиеме како нова влада дека нема да има ново вето од Бугарија по внесувањето на Бугарите во уставот. Треба да се има предвид и дека имаше избори во ЕУ и во САД, требаше време и околностите се такви. Верувам и се надевам дека наскоро ќе се најде решение за надминување на оваа последна пречка, за да почнат преговорите со ЕУ.“





