Желино: Приведени 9 странски државјанки во угостителски објект

При контрола на угостителски објект на регионалниот пат Тетово – Желино, биле приведени девет странски државјанки, информираа попладнево од МВР.



Поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, биле приведени девет странски државјанки, од 21 до 38-годишна возраст, од Франција, Србија, Украина, Колумбија и од Бразил, се вели во соопштението на МВР.