Со Бадникова поворка и пеење на песната „Вечниот бог“, денеска беше најавено Христовото раѓање низ Скопје.
Поворката тргна од пред Оштина Кисела Вода, по ул.„Петар Дејлан“, по ул.„Борис Трајковски“, бул.„Македонија“, по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музејот на Град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ сè до плоштадот „Македонија“ каде што се одржува централната манифестација.
Кум на годинашното одбележување е Радомир Макеларски, кој ќе го понесе ќупот за Бадник 2025, а здравичар е Атанас Петров, кој на платото пред Соборниот храм ќе ја каже здравицата во пресрет на Божик.
Свештениците од Соборниот храм ќе ги осветат нафората и чајот, како и бадникарските гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално порано ги набраа на падините на Водно, а кои ќе им се делат бесплатно на присутните.






