Скандалозно безобразна и под секој „поетски“ критериум е песната објавена во Збирка поезија од проектот „Млади поети“ финансирана од Агенцијата за млади и спорт, во која авторот со приучен уличен вокабулар се обидува да состави поетско писание.
Песната „Партиски вработена“ се најде во печатено издание по огласот од октомври минатата година на кој Агенцијата замлади и спорт ги повикува сите млади да поднесат свои авторски творби, согласно утврдените критерииуми: да се на возраст од 15 до 29 години, да немаат објавено збирка поезија, да достават најмалку две поетски творби.
„Творечката слобода“ на авторите, како што може да се види, била целосно загарантирана, а за трите првонаградени на Огласот била обезбедена награда од 20, 15 и10 илјади денари.

Во продолжение дел од една од објавените „песни“.
ПАРТИСКИ ВРАБОТЕНА
Велат дека пушела,
коор кај координаторот
Во канцеларија со знак,
За забрането пушење!
Велат му го
Диркала на директорот,
Не е грда како Мирка,
А знае добро да дирка!
Велат си ги ставила градите
На челото на градоначалникот.
Наместо згради да гради,
Тој ги зграби нејзините гради.
…
Велат дека го примила
корнишонот на премиерот.
Со коор тој ја нишанел
и право „у срида“ погодил!
Велат дека дала с’е
пред претседателот.
Од што го бива за прцање
го викаат „прцадателот“.
…





