Мавровски угостители бесни на Скопска Пивара: Среде сезона не оставија без пијалок

Во општиот хаос во Маврово каде денеска се чекаше до еден час за да се извади ски карта се вклучи и Скопска Пивара која е обвинета дека не дистрибуира доволен број пијалоци во угостителските локали во зимскиот центар.



,,Не оставија среде сезона без кока кола, пиво и други производи. Им нарачуваме по десет гајби ни носат по две-три. Каква е таа Скопска пивара што не може да донесе сокови и пиво среде сезона. Во Април и Мај нема да ни требаат, сега е шанса да заработиме”, вели искусен угостител кој не се сеќава на вакви проблеми со Скопска Пивара.

Друг помлад но исто толку нервозен угостител се прашува дали некој намерно ги опструира мавровските ресторани и кафулиња.

,,Сега ни е шансата да заработиме а некој не бојкотира. Не знам дали е проблемот во Гостивар или во Скопје ама ова е голем срам за Скопска Пивара. Ќе мора да бараме чаре со Прилепска Пивара или со други производители. Да не треба случајно гостите да се пренасочат во други ски центри на сметка на Маврово”, прашува угостител што сака да остане анонимен.

Денеска на Маврово освен недостиг на пиво и сокови се случи и тотален хаос пробна вака на ски карти а попладнево се случува хаос при заминувањето откако на двете страни на езерото кон Скопје, и преку Маврово Анови и преку Леуново се создадоа долги колони во кои се чека со часови.

Хаос во Маврово: Скијачите чекаат по еден час да купат ски карта (ФОТО)

За хаосот во македонските ски центри денеска пишуваше и Геровски

Героски: Хаос и гужва на нашите примитивни скијалишта