Хрватскиот славист и македонист Горан Калоѓера, член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) надвор од работниот состав и поранешен почесен конзул на Македонија во Риека, му го честита Божик на, како што вели, целиот македонски народ.
„На сите христијански верници кои го слават Божик по јулијанскиот календар (посебно на моите македонски пријателки, пријатели, колешки и колеги, конечно, на целиот македонски народ) им посакувам многу здравје и среќа. Да сте живи и здрави и радувајте се!“, порача Калоѓера на Фејсбук.






