Јаневска: Ќе нема недостиг од учебници

Ова го вети министерката за образование вчера по средбата со претставници на студентите и средношколците.



„Веќе се направени новите правилници, треба само да се потпишат и објават. Направена е анализа за учебниците за кои авторските права се по стариот закон и на оние кои треба да ги добиеме по новиот закон“, рече министрката Весна Јаневска.

Дополни дка до крајот на овој месец МОН ќе распише оглас и за учебници по странски јазик кои недостигаа на почетокот на оваа учебна година и, како што рече, „за сите други учебници кои им се потребни на учениците“, пренесе „Фокус“

Министерката посочи дека во плановите за 2025 е и продолжувањето на континуирано и постепено воведување на едносменска и целодневна настава и оптимизација на мрежата на училиштата.

Посочи и на новите модели на полагање на матурата што ќе биде олеснување на учениците од стручните училишта кои досега за матура требало да се спремат за материјал кој не го изучувале во текот на четири години.