Најмоќниот холандски политичар им се обрати на ,,Лудите и болни исламисти” кои му се заканувале дека ќе го убијат.
,,Не ми е гајле, луди и болни исламисти, што ми праќате и колку пати се заканувате дека ќе ме убиете, ќе продолжам да го критикувам тоталитарниот #ислам и вашиот таканаречен пророк #Мухамед до мојот последен здив на земјата, затоа што #слобода и #слобода е она за што се залагам”, објави Вилдерс откако добил закани дека ќе биде убиен.
Политичкиот субјект на Вилдерс, крајно десничарската Партија на слободата беше неочекуван убедлив победник на холандските парламентарни избори во 2023 година по што до летото 2024 се водеа преговори за формирање на влада затоа што никој не сакаше да коалицира со него.
Министрите на Вилдерс добија места во владата по долги преговори но тој самиот не стана премиер.
Вилдерс важи за противник на исламот и приемот на мигранти во Холандија.





