Александар Камбовски нов претседател на Судскиот совет

Александар Камбовски едногласно е избран како претседател на Судскиот совет. За него гласаа сите 13 члена на Советот со право на глас. Претседателката на Врховниот суд и министерот за правда, кои се членови на Советот без право на глас, не дојдоа на седницата.



Камбовски, кој беше судија во Апелацискиот суд во Битола, на 8 јуни 2024 година стана член на Судскиот совет, откако за него гласаа 28 судии.

Судскиот совет остана без претседател минатиот месец, откако Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка.