Најчевска: За влез во Шенген, ЕУ можеше да ја притисне Бугарија да го симне ветото за Македонија

Професорката Мирјана Најчевска смета дека приемот на Бугарија во Шенген било можност Европската унија да изврши притисок врз Бугарија да го симне ветото за Македонија, но дека преовладал геостратешкиот интерес а не европските  вредности и принципи.



„ Ако сакаше ЕУ можеше да ја искористи оваа можност и да ја притисне Бугарија да го симне ветото кон Македонија.

Меѓутоа прокламираните вредности и принципи, ЕУ нема проблем да ги жртвува кога е во прашање геостратешкиот интерс.

Леснотијата со која ЕУ се откажува од принципите и вредностите е според мене многу страшно, ако се има предвид дека во моментов ЕУ е носител на највисокиот демократски и правен развој на Земјата“, вели Најчевска.