Анѓушев: 2025 година ќе биде тешка за македонската економија поради случувањата во Европа

2025 година поради состојбата во Европа ќе биде тешка за Македонија и македонската економија и за сите компании кои се врзани со европскиот пазар заради тоа што во Европа, за жал, станува рецесија во индустријата и голем број компании ја намалуваат својата активност од разни причини. Во Македонија, на долг рок може да издржи индустрија која ќе прави производи со додадена вредност и производи со доволно голем квалитет за да може да се спротивстави на целиот свет, вели Кочо Анѓушев, сопственик и генерален директор на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО, за македонското издание на лондонскиот магазин Економист-Светот во 2025 година.



Прашам како врз неговите компании влијаеја инфлацијата, високите каматни стапки, економското забавување и геополитичките конфлитки во 2024, вели дека во двете дејности било различно.

„Феро Инвест“ се занимава со две главни дејности, едната е метална индустрија , другата е енергетика, и во двете дејности влијанието беше-различно.Но најмногу негативно влијание се почувствува во металната индустрија односно во фабриката „Брако“ која е извозно ориентирана и тоа над 95% од своето производство. Се почувствува дека во Европа економијата е значително забавена посебно во металната индустрија, машини, автоматизација, дека инвеститорите се многу воздржани така што наши клиенти кои се со генерации големи и познати фирми , нивната продажба се намали и над 50% во споредба со претходни години, а со тоа и нивните нарачки кон нас. Ние тоа се обидовме да го компензираме со зголемување на продажбата на возилата и да влегуваме на што повеќе пазари” додава Анѓушев.

Целото интервју прочитајте го тука.