Црногорскиот крвник пукал во блиски роднини, убил внуци на возраст од 11 и 13 години, јавуваат црногорските и српски медиуми вечерва.
Вкупната бројка на убиени може да дојде и над 11, велат последните информации.
Повеќекратен убиец Ацо Мартиновиќ, како што според жител на Цетиње за српски „Курир“, дошол во кафаната со која раководи Мирко В. каде извршил невиден масакр.
,,Првично се шпекулираше дека се убиени и сестрата и зетот на убиецот. Во престрелката тие се тешко ранети и лекарите се борат за нивните животи. За жал, точно е дека им се убиени двете деца”, вели изворот.
Според соговорникот, убиецот Мартиновиќ се скарал со лицето со иницијали Д.К., кој бил во кафаната.
,,Мартиновиќ пукал и ги ранил Д.К., А.М., и уште неколку лица, а го убил Мирко В. Во таква состојба Мартиновиќ отишол кај сестра си и таму пукал во сестра си и во зетот, како и во нивните деца. Иако првите информации беа дека се убиени, тие се всушност тешко ранети. Прашање е дали сега се меѓу живите и колку куршуми биле испукани во нив. Децата им подлегнале на повредите. За жал, ова е уште една голема трагедија во Цетиње и прашање е кога ќе се опоравиме – вели соговорникот на „Курир“.
Директорот на полициската управа на Црна Гора Лазар Шќепановиќ вечерва соопшти нови детали од бруталниот масакр во Цетиње.
,,Ова е втора трагедија во последните две години што го погоди Цетиње. Во кафана Ацо Мартиновиќ имал вербална расправија со гостите, со кои таму престојувал цел ден. Атмосферата дотогаш била во најдобар тек. Осомничениот цел ден консумирал алкохолни пијалоци. Излегол и донел оружје во кафаната, а потоа заминал во непознат правец. Убил двајца малолетници на возраст од 11 и 13 години”, вели полицискиот функционер.
Пред 19 години Ацо Мартиновиќ бил приведен поради насилничко однесување и осуден на условна казна во траење од една година.
Во 2022 година против него биле преземени мерки и дејствија затоа што кај него биле пронајдени воздушна пушка и неисправно оружје, односно експлозив, за што првостепено е осуден на три месеци затвор.






