По расправија во кафеана во Цетиње убиец лиши од живот седум лица, а тешко рани четворица, за кои лекарите во Клиничкиот центар на Црна Гора се борат за живот, јави државната телевизија РТЦГ.
Полицијата трага по осомничениот напаѓач Ацо Мартиновиќ, поради што се откажани сите јавни собири низ државата.
„Ужасна трагедија која нè погоди сите. Во моментов сите полициски екипи се на терен. Го бараме сторителот, на добар пат сме. Лекарите се борат за четири животи во КЦЦГ. Сите тие се се на операција во моментов и лекарите се борат за нивниот живот“, изјави премиерот Милојко Спаиќ од Клиничкиот центар.
Тој објави тридневна жалост.





