,,Го колнам денот кога одлучив да учам француски” – тешка ситуација за француската амбасада по новогодишната честитка

,,Лицемерие или виц” прашуваат граѓаните по објавената новогодишна честитка од страна на француската амбасада која објави честитка за Нова Година до сите граѓани.



Во честитката објавена на француски, македонски и албански јазик амбасадата на Франција упатува најдобри желби до македонските граѓани кои барем според Твитер истите ги одбиваат.

Некои корисници на Твитер прашуваат дали делот од честитката во кој се вели дека Франција се уште стои покрај Македонија на европскиот пат е обично лицемерие.

Некои граѓани во коментарите се убедени дека се работи за виц а некои се крајно безобразни.

,,Најдобри желби за С* Македонија 🇲🇰 и нејзините граѓани ! Во 2025 година, Франција 🇫🇷сè уште ќе стои покрај вас за вашиот европски проект 🇪🇺преку нашата амбасада во #Скопје, конзулатот во #Битола, @IFSkopje, Француското училиште и Француските алијанси во #Битола и во #Тетово”, пишува во честитката од француската амбасада која наиде на лоши коментари.

Франција како водечка земја во ЕУ во 2018 ветуваше дека доколку се смени името Македонија ќе почне преговори со ЕУ за подоцна во 2019 година да стави вето и со нова методологија за пристапување да ја блокира Македонија при почеток на преговорите.

Овој факт ги провоцира сите кои го следат работите да ги доживуваат честитките од Франција како лицемерие дури како навреда на интелигенцијата на граѓаните кои паметат дека пред Бугарија Франција ја блокираше Македонија.

На постот на Фејсбук нема ниту еден коментар на истиот пост но затоа на Твитер дел од коментарите се лоши:

ЛИЦЕМЕРИЕ ОД КОЕ ВИ НЕМА МЕРКА

Ова некој виц е со подршката!? Франција не стои до нас, она е против нас, не тресете зелени. Народот не е глуп.

Срам ве било, го колнам денот кога одлучив да одберам Француски јазик да учам во средно. Толку Русија не е душман на Украина, колку вие на Македонија, срам да ви е

Сите коментари на Твитер