Романија, Кипар и Шпанија ќе бојкотираат самит на ЕУ поради Косово (ВИДЕО)

По Шпанија која одби да присуствува на самитот ЕУ – Западен Балкан поради Косово, уште две членки на ЕУ зазедоа таков став.



Романија и Кипар се приклучија на Шпанија во нејзиното одбивање да присуствува на самитот ЕУ – Западен Балкан, планирана за 17 мај во Софија, бидејќи не сакаат да седнат на иста маса со косовскиот претставник, јави Танјуг.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој кон средината на месецов изјави дека не сака да биде на исто место и да се фотографира со косовскиот претседател Хашим Тачи кој ќе го претставува Косово на самитот, објавува шпанскиот „Ел Паис“.

Романија и Кипар, како и Шпанија, сметаат дека Косово не треба да биде третирано рамноправно со земјите во регионот и затоа одбиваат да присуствуваат на средбата и да се сликаат со косовскиот претседател, дознава Радио Слободна Европа.

Трите земји-членки на ЕУ, предупредија дека нема да учествуваат во средба на која Косово „се третира како држава и каде и на оваа земја ѝ се ветува иднина на европската интеграција, како и на останатите“.

Пет земји-членки на ЕУ не ја признаваат независноста на Косово – Романија, Кипар, Грција, Шпанија и Словачка.