Возачките дозволи со старото име на државата, согласно Преспанскиот договор, престануваат да важат.
Министерството за внатрешни работи истовремено ги потсетува граѓаните дека измина крајниот рок за замена на регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК
Граѓаните кои ќе бидат затекнати со стара возачка ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра.
Покрај личните документи и возачките дозволи, македонските граѓани имаа обврска да ги сменат и регистарски таблички со ознака НМК.






