ДУИ бара оставка од Африм Гаши зашто не го почитувал албанскот јазик!?

 

Демократската унија за интеграција денеска преку соопштение повторно го обвини Африм Гаши за неговиот чин против албанскиот јазик, велејќи дека ја изгубил довербата кај Албанците.



Од ДУИ велат дека наместо пример за гордост, Гаши решил да ги игнорира напорите за почитување на албанскиот јазик и идентитет.

ДУИ во шок: Гаши на парламентарци од Албанија им се обратил на македонски – со преведувач

„Откако го осудивме чинот на претседателот на ВРЕДИ, Африм Гаши, кој ја шокираше делегацијата на албанскиот парламент со одбивањето да зборува на албански јазик, денес откриваме уште еден инцидент што го потврдува неговиот намерен пристап да го игнорира албанскиот јазик@!

Според ДУИ, „странски амбасадор во Скопје, во обид да го почитува албанското потекло на претседателот на Собранието, со денови учел албански и разговарал со Гаши на неговиот мајчин албански јазик за да го импресионира.
Но, од ДУИ велат дека Гаши одбил и одговарал само на македонски.

Овој став не е случајност, туку доказ за презир кон албанскиот јазик“, се вели меѓу другото во соопштенето на ДУИ како што пренесува Телеграфи.

„Претседателот на ВРЕДИ Африм Гаши, не само што не ги застапува соодветно Албанците, туку со своите постапки го нарушува значењето на албанскиот симбол на нашиот национален идентитет и единство.

Наместо да биде пример за гордост и промовирање на културната различност, претседателот на ВРЕДИ избра да ги игнорира напорите за почитување на нашиот јазик и идентитет!

Оваа акција е голем срам и понижување за сите Албанци!

Кратко и на албански: Африм Гаши ја загуби довербата и легитимитетот да ги претставува Албанците.

Знаеме дека нашата критика веројатно ја зацврстува позицијата на претседателот на Вленит во ВМРО како „чесен Албанец“ според нивните критериуми, се вели во соопштението на интегративците според кои само оставка  може да го спаси достоинството на претседателот на Собранието.