Украина го направи својот прв увоз на течен природен гас (LNG) од САД преку терминалот за течен природен гас во Грција.
Овој чекор е важно стратешко достигнување што ја зајакнува енергетската безбедност на земјата и во услови на војна, пишува деловниот весник „Finansial time“.
Испораките се организирани од енергетската компанија DТЕК, која има потпишано долгорочен договор со американската компанија Venture Global.
Според условите, купувањата на DTEK ќе продолжат до крајот на 2026 година. Двете компании имаат и посебен 20-годишен купопродажен договор за LNG.
Според FТ, Европа добива околу 40% од увозот на ЛНГ од САД, но Украина никогаш порано не купувала ЛНГ директно.
Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека договорот за транзит на руски гас низ украинска територија, кој истекува на 1 јануари 2025 година, нема да биде продолжен.
Тој нагласи дека Москва го користи извозот на сино гориво за финансирање на „криминалната војна“ против неговата земја, потсетува АФП.





