Над 28,000 пензионери од Косово незаконски добиваат пензии од државата, пренесуваат повеќе медиуми.
Косово плаќа повеќе од 51 милион евра секоја година на пензионерите кои живеат во странство (дијаспора).
Околу 28.620 пензионери незаконски добиваат бенефиции без да престојуваат во земјава.
Сите овие луѓе го прекршуваат косовскиот закон, кој бара примателите на пензија да престојуваат во земјата најмалку шест месеци годишно.






