Претседателката на Ханука со Еврејската заедница

Во свечена и емотивна атмосфера во синагогата „Бет Јаков“ на која присуствуваше и претседателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова, еврејската заедница во Македонија го одбележа празникот Ханука, пренесувајќи пораки на мир, радост, здравје и надеж.



,,Ханука е празник на светлината, празник кој нè потсетува дека заедништвото, заемната почит и почитта кон различностите градат мостови на соживот меѓу граѓаните од различни религии.

Со особена чест ја запалив третата свеќа на Ханукијата и присуствував на службата и пригодната програма во рамки на одбележувањето на овој светол празник.

Ханука лесимха! Среќна Ханука!”, објави Силјановска Давкова за настанот.

Најчитани статии

Не се знае кој е технолошкиот напредок што го има Курти а го нема Путин

Косово забрани извоз на напредни технологии во Русија