Ќе добие ли Зоран Милановиќ уште еден претседателски мандат?

Актуелниот претседател Зоран Милановиќ има уверлива предност во однос на другите седум кандидати пред претседателските изборите што ќе се одржат утре во Хрватска.



Ова го покажуваат последните истражувања што за хрватскиот телевизиски канал RTL ги спроведе агенцијата Promocija plus,

За да остане кандидатот на опозициските социјалдемократи SPD, Зоран Милановиќ на претседателската функција се изјасниле 39,3 насто од испитаниците, а за неговиот главен ривал од владејачката HDZ, Драган Приморац се изјасниле 24,3 од анкетираните.

На третото место е независната кандидатка Марија Селак Распудиќ до 10 отсто, додека кандидатката на зелено-левата коалиција „Možemo!“, Ивана Кекин има 8 % поддршка од испитаниците.

Другите четворица кандидати имаат минимална поддршка.

Проценките дсе дека во утрешниот прв круг ниту еден од кандидатите нема да освои над 50 проценти за победа.

Многу веројатно е дека иден претседател ќе биде избран во вториот круг што ќе се одржи две недели подоцна, а на гласачкото ливче најверојатно ќе бидат Зоран Милановиќ и Драган Приморац.