Премиерот Христијан Мицкоски им порача на тие што со фалсификати и други злоупотреба на функции во тајни служби уништувале кариери и животи дека нема да се спасат.
Тој вчера од говорницата на Собранието откри детали за начинот на кој функционери во една тајна служба фалсификувале извештаи со цел да уништат имиџ и кариери на луѓе кои наводно се организирале во наводни радикални структури а премиерот бил нарачател и финансиер на измислените структури.
За овие непостоечки активности базирани на измислени извори тајната служба за која зборува Мицкоски правеле дописи до веројатно странски организации и институции.
Извештаите биле користени за одземање на безбедносни сертификати за што премиерот вели дека е посебна тема.
Линк до конкретната изјава
https://www.facebook.com/share/v/14YxoF5UrD/
Повеќе детали за ова прашање
Неверојатно однесување на луѓе што имале задача да ја штитат Македонија од реална опасност
Монструозно: Водно и манастирот Бигорски во извештаи за следење на премиерот Мицкоски (ВИДЕО)






