Силјановска Давкова за Канал 5: Имаме одлични судии, но нешто во антисистемот мора да се скрши (ВИДЕО)

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова во интервју за Канал 5 одговараше на низа актуелни прашања и ги коментираше дел од политичките процеси.



Таа како што јавува канал 5 даде оценки и ставови за десетина теми од јавен и државен интерес:

Да има јасна разлика меѓу држава и партија, секоја Влада е Влада на сите

Како да создал некој паралелен систем, имаме одлични судии, но нешто во антисистемот мора да се скрши

Тежок е се уште животот во Македонија, но се движи да биде полесен.

Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европјанин се станува со почитување на правото, односот кон ЕУ ќе опстои со спроведување на реформите.

Претходниот претседател наспроти непочитување на процедурата за уставни измени си тераше по свое.

Со Преспанскиот договор прашањето за јазикот, културата и историјата е решено, како тоа Бугарија не го почитува Преспанскиот договор?

Уставот не се менува по брза постапка.

Радев рече дека имам отворена покана и е подготвен да дојде за да разговараме, тој има најголем легитимитет и ќе си ги штити позициите, но тие таму немаат разногласие како кај нас во Собранието, кој и да дојде на власт имаат ист став, Бугарија треба да ја земеме како пример.

Единство внатре во државата мислам за националните интереси, треба да градиме институционален дијалог.

„Денеска велите „сакаме да градиме единство“, утре велите „криминалци“.

Треба да има јасна разлика меѓу држава и партија, секоја Влада е Влада на сите.

Не е добро во брза постапка да менувате нешто, многу е важно да процените последици.

Не е само допрен глас, тоа е силно допрен глас, секогаш кога некој е на „црна листа“ за тоа има правни докази и тоа не во САД туку во Македонија.

Како да создал некој паралелен систем, имаме одлични судии, но нешто во антисистемот мора да се скрши.

Критериумите мора да се прецизираат, истакнат правник не е партиски активист.

До вчера Груби беше најпривилигираниот функционер во владата, мора да ставиме крај на уникатни решенија, да не измислуваме решенија по нечија мерка.

Треба да се почитува уставниот суд и неговите одлуки.

Не постои заедничка јазична политика, не може да се хармонизираме, значи г-динот од „црната листа’’ го злоупотребил и го донел по скратена постапка.

Во органите на државната власт вели „може“ да го употребуваат законот што го користат 20% од граѓаните, а не „мора“.

Судиите треба да си се држат до уставот не до етничката припадност.

Погледнете ја целата емисија „Само интервју“ со претседателка Гордана Силјановска Давкова