Лимани: Шест илјади денари за секое дете родено во Гостивар

Градоначалникот на општина Гостивар Валбон Лимани најави дека за секое дете родено во Гостивар општината ќе издвои шест илјади денари.



„Неколку мерки кои првпат ќе ги предложам, една од нив ќе биде шест илјади денари за секое дете родено во Гостивар во 2025 година.

Помош ќе има и за сите ученици кои ќе бидат запишани на настава.

Во гостување на „Дејли клик“ на ТВ 21, Лимани вети помош и за родителите на учениците за трошоците на почетокот на учебната година.