Потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми итно побара укинување на одлуката на Уставниот суд од 9 октомври за укинување на балансерот, бидејќи била „незаконска и противуставна“, според него! Ова го објави ТВ 21.
Телевизијата пишува: Осврнувајќи се на одделните мислења на судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари, Адеми рече дека „за ниту една одлука на Уставниот суд за законите одобрени со двојно Бадентерово мнозинство не може да се расправа или да се одобри без учество и согласност на претставниците на таа заедница“!
Судиите во своето издвоено мислење велат: „Одлуката е донесена врз етничка основа, преку надгласување, одлучување против правата на немнозинските заедници и спротивно на основната вредност – правото на правична и еднаква застапеност“. Оваа одлука ја сметаме за незаконска и со сериозни правни последици. Понатаму, според нивното мислење, судиите нагласуваат: „Сакаме веднаш да нагласиме дека правниот израз – припадност на заедницата е уставна институција и како таква, уставна категорија. Како резултат на тоа, гореспоменатата одлука укинува уставна категорија поврзана со „припадност кон заедницата.“ – рече Арбер Адеми од ДУИ.





