Кикбоксерот Илиоски спортист на годината во Македонија, таеквондистката Рељиќ најдобра спортистка

Бобан Илиоски во машка конкуренција и Милијана Рељиќ во женска се најдобрите спортисти на Македонија во 2024 година во изборот на Министерството за спорт и на Сојузот на спортски федерации на Македонија.



Илиоски го заслужи епитетот со златниот медал во категоријата до 86 килограми на Европското првенство во кикбокс во Атина, а Рељиќ направи подвиг со пласманот во четвртфиналето до 57 кг во таеквондо на Олимписките игри во Париз со победата над двократната олимписка шампионка и трикратна европска првенка Џејд Џонс од Велика Британија.

Останати лауреати на манифестацијата „Спортист на годината“ што годинава одбележа 70-годишен јубилеј:
Најуспешен млад спортист: Силвио Мировски (кикбокс)
Најуспешна млада спортистка: Ива Младеновска (ракомет)
Најуспешен женски национален тим: Ракометна репрезентација на Македонија – сениорки
Најуспешен машки национален тим: Ракометна репезентација на Македонија – сениори
Најуспешен тренер/селектор: Кирил Лазаров (ракомет)
Најуспешна национална спортска федерација: Македонска таеквондо федерација
Најуспешен спортист со инвалидитет: Оливера Наковска Бикова (стрелаштво)
Најуспешна спортска екипа од Универзитетите: Машкиот кошаркарски тим на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје
Најуспешен училишен спортски клуб од средните училишта: СОУ „Јане Сандански“ – Струмица
Најуспешен училишен спортски клуб од основните училишта: ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Скопје