Време е за храбар исчекор на патот кон ЕУ но и не под други услови освен уставни измени со одложено дејство. Брисел е македонската стратешка дестинација, а патот до него, односно евроинтегративниот пат полесно и побрзо ќе се изоди ако по него се чекори со консензуален став на власта и опозицијата за одбрана на националниот идентитет и справување со ендемската корупција. Ова е пораката од годишното обраќање на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците.
- „Знам дека реалистите ќе коментираат дека ја критикувам ЕУ заради односот кон нас, бидејќи ние целиме кон Унијата, а не Унијата кон нас, но и јас имам право критички да размислувам како балканка која се доживува како Европејка и очекува европско однесување од ЕУ“, изјави македонската претседателка.
Повикувајќи се на Лисабонскиот договор, кој што промовира еднаквост на земјите – членки, на нивните национални идентитети но и на и уставните структури со клучно прашање и до европските функционери врз кој основ бараат уставни измени ако членот 8 упатува на склучување договори со соседите врз реципрочна основа.

Во своето обраќање шефицата на државата не пропушти прилика да се осврне и на состојбите во правосудството, но и борбата против криминалот и корупцијата по објавењето на последните имиња коие се најдоа на црната листа на САД за која шефицата на државата посочи дека може да ја обелиме само со санкции за оние коис е огрешиле пред уставот и законите.
Ова е прво обраќање на претседателката на државата пред народните избраници по 7 ипол месеци отако беше избрана за прв човек на државата. Во своето обраќање избегнуваше да го употребува Уставното име на државата употребувајќи термини како републиката земјава државата.
Сиљановска Давкова со критика за правосудниот систем. Порача дека правдата во Македонија е загрозена поради, како што вели, ендемската корупција и организираниот криминал, што заедно со судирот на интереси, непотизмот и клиентелизмот, го поништуваат владеењето на правото, ги обезвреднуваат институциите, ги иселуваат младите.
Сиљановска Давкова со поддршка на напорите за сузбивање на криминалот и корупцијата. Вели дека во таа борба ја имаат довербата од македонските граѓани и поддршката од стратешките партнери, вклучително и со дополнувањето на црната листа, рече во говорот претседателката Сиљановска.





