Уапсен бегалец баран со потерница на „Дижонска“ во Скопје

Pолициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денека во 06.05 часот, пна ул.„Дижонска“ во Скопје го уапсиле 50 годишниот Б.У од Скопје.



Тој бил баран со потерница за затворска казна од една година во врска со чл.292 (тешки дела против општата сигурност) од КЗ.

Од МВР додаваат дека лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.